Реакции на апелот на Оџелан за положување на оружјето и самораспуштање на ПКК
Регионалниот претседател на полуавтономниот регион Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани, го поздрави повикот на курдскиот лидер Абдула Оџалан, Курдската работничка партија (ПКК) да го положи оружјето и да се самораспушти.
И лидерот на Сириски демократски сили (СДФ), Мазлум Абди го поздрави „историскиот“ повик на Оџалан, оценувајќи оти тоа ќе има позитивни последици за регионот.
Германското Министерство за надворешни работи, исто така, го поздрави денешниот повик на Оџалан, опишувајќи го како „историска можност“.
– Завршувањето на насилството е важен прв чекор, но потребни се и други чекори на патот кон одржливо решение за народот на Турција. Ова особено имплицира дека демократските и културните права на Курдите во Турција се почитуваат и гарантираат, се наведува во соопштението од германското МНР.
Делегација на турската Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) денеска го посети Оџелан во затворот, а потоа ја објави неговата изјава, во кој тој ја повика својата Курдска работничка партија да го положи оружјето и да се самораспушти.
Апелирам на положување на оружјето и преземам историска одговорност за овој повик, наведе Оџалан во писмото објавено од членовите на ДЕМ.
Во писмото, Оџалан бара ПКК да одржи конгрес и формално да се согласи на самораспуштање.
Турција и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Повеќе од 40.000 луѓе се убиени откако ПКК ја почна својата борба во 1984 година со цел да се создаде етничка татковина за Курдите. ПКК сега бара поголема автономија во југоисточна Турција и поголеми права за Курдите. Мировниот процес меѓу Турција и ПКК пропадна пред десет години.
Оџелан, кој е осуден на доживотна казна, е во затвор на островот Имрали.