Реакции за „Тајната вечера“ на Олимписките игри: Верниците бесни повикуваат на бојкот! 

Олимпијадата во Париз беше отворена во петокот на сосема поинаков начин отколку што сме навикнати. Досега ја гледавме парадата на спортистите на стадионите на кои се одржуваат Игрите, но овој пат Французите сакаа да направат исклучок, па целата церемонија беше организирана на реката Сена, односно на најпознатите локации во Париз.

И навистина беше спектакуларно, особено кога се појави Селин Дион и кога десетина познати спортисти го носеа факелот од Ајфеловата кула до балонот пред Лувр, каде што беше „запален“ и испратен во воздух. Сепак делови од церемонијата за некои беа контроверзни . Тоа првенствено се однесува на сцената која многумина потсети на познатата слика на Леонардо да Винчи „Тајната вечера“ во која се прикажани Исус Христос и неговите следбеници.

 

Организаторите не потврдија дека токму тоа е инспирацијата, но многумина на социјалните мрежи веднаш пронајдоа впечатлива сличност. Верниците особено бурно реагираа, оценувајќи дека организаторите отишле предалеку со исмејувањето на Исус Христос и неговите апостоли. Некои отидоа дотаму што повикаа на бојкот

 

Секако, религијата е секогаш контроверзна тема, особено кога станува збор за претстави од ваков тип, па секогаш се повлекуваат паралели и се поставува прашањето „зошто другите не ги претставија така“.

 

Засега организаторите не се огласиле на оваа тема, а прашање е дали ќе се огласат, па засега критиките остануваат само преку социјалните мрежи. Да потсетиме, за време на церемонијата на Олимписките игри во Париз, превид имаше и организаторите кои по грешка го закачија олимпиското знаме наопаку, додека посебно внимание привлекоа Израел и Палестина, односно алжирските спортисти кои фрлаа цвеќе во Сена

Back to top button
Close