Регистриран земјотрес кај Демир Капија
Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во земјава.
Според евиденцијата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил во 18:32 часот според локално време. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 12 километри североисточно од Демир Капија, на длабочина од пет километри