Река луѓе вечерва во Штип: „Вие го запаливте пламенот, спремете се за оган“

Собир во Штип во спомен на загинатите во пожарот во Кочани / фото: Фејсбук / Штипјани

Во Штип олем број граѓани излегоа на собир на кој им оддадоа почит на трагично загинатите во страотниот пожар во Кочани. Учесниците носеа транспаренти, цвеќе, свеќи и балони, како и слики на петтемина млади штипјани кои го загубија животот во кочанската трагедија.

На најголемиот транспарент, на челото на поворката, пишуваше: „Вие го запаливте пламенот, спремете се за оган“.

Еден од загинатите, фудбалерот Дамјан Танески, денеска требало да го прослави својот 19-ти роденден, беше кажано на собирот.

Другарите на Даме пуштија 19 бели балони за неговиот роденден. Потоа, кога луѓето од собирот пристигнаа на плоштадот, ги изгаснаа светлата на 10 минути, а штом тие повторно се запалија, беа пуштени црни балони и фрлени бели рози.

 

 

 

Back to top button
Close