Репортер прекина пренос за да спаси возач од поплавите во Австралија (видео)
Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и еден случаен минувач спасија маж од теренско возило коешто почнало да тоне во поплавните води во областа северно од Бризбејн, во сојузната држава Квинсленд.
Мареј, новинар на австралискиот јавен сервис „Еј-би-си (ABC), во тој миг известувал за поплавите кога еден маж со своето возило влегол во водата. Автомобилот потоа застанал и почнал да тоне… ТВ-репортерот и уште еден маж допливале до возилото и го извлекле возачот само неколку секунди пред автомобилот целосно да потоне.
– Тие двајца дефинитивно му го спасија животот на тој човек. Тука нема никаков сомнеж, изјави снимателката на „Еј-би-си“, Лиз Пикеринг, која била сведок на настанот.
Во градот Морејфилд, каде што се случиле поплавите, вчера наврнале приближно 170 милиметри дожд, според податоците на надлежните власти






