Републиканците бараат декласификација на извештајот за американската стратегија за Украина

– Републиканските лидери во комитетите за национална безбедност на Претставничкиот дом на САД побараа денеска администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да го декласифицира својот извештај за американската стратегија за војната во Украина.

Комитетите во заедничката изјава наведоа дека Конгресот и американскиот народ заслужуваат да знаат за што се троши буџетот, со оглед на виталните интереси на САД кога станува збор за војната во Украина, наведуваат во заедничк соопштение

Белата куќа не одговори веднаш на барањето на американски медиуми за коментар.

Back to top button
Close