„Режим“ од кој „диктаторот“ сам си даде оставка – многу јако!

Така било тоа отсекогаш во модерната политика: партиите имаат свои пропагандни канцеларии (кога се на власт, тие се впрегнати и надоградени во владина пропаганда), на овие канцеларии им е работа да произведуваат пропаганда што одговара на политиките на раководствата на партиите/владите, некои се повешти, други се помалку вешти, но во најсуштинскиот опис на работата им е да контактираат медиуми и новинари во нив, за да ја пробијат својата „вистина“ за што било што им е на агендата. Издаваат соопштенија, брифираат, договараат интервјуа, држат по стотина прес-конференции месечно, нудат разни „материјали“ секому кому можат да му ги „протнат“, ручаат, вечераат и пијат кафиња со стотици новинари…

 

Озборувањата се голем дел таа пропагандна активност. И најфантастичните конструкции наоѓаат пат до медиумите, а ако не таму, тогаш до социјалните мрежи кои се „дар од Бога“ за да се заврши пропагандистичката „дејност“, најчесто со цела армија фејсбук и други ботови чија работа е да оцрнуваат, да плукаат, да создаваат атмосфера на општествена катастрофа или атмосфера на национален препород, во зависност од тоа дали се борат да дојдат или да се одржат на власт.

Работата на новинарите и медиумските уредници е да имаат увид во ваквата партиска пропаганда, да седат на состаноци со пропагандистите, да примаат пораки во сите формати и по секакви комуникациски канали… Тоа кај новинарите се нарекува „одржување на изворите на информации“ (“working the sources”), за да дознаат информации „пред другите“, да разберат нијанси или да откријат податоци што ги нема „конкуренцијата“, а се од интерес на јавноста. Во спротивно, за да се информира јавноста би останале само прес-конференциите што се достапни за сите; или копи-пејст на објави во други медиуми на кои само насловот им се менува и редоследот на речениците и пасусите. Двегодишната пандемија суштински ја отежна работата на новинарите и можноста физички да се сретнат со своите извори, да поразговараат „во живо“ со нив, да постават и логични, а непосакувани прашања.

Целата колумна на Сашо Ордановски на Цивил Медиа

Back to top button
Close