Ристески: Одлуката за зголемување на минималната плата за 2.200 денари е законска

 

Одлуката за зголемување на минималната плата за 2.200 денари е законска и покрај тоа што нема согласност од Економско социјалниот совет како што е воспоставената пракса, тврди заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Тој појасни дека минималната плата се одредува согласно податоците од Државниот завод за статистика, за што како основа се зема 50-проценти од просечната плата исплатена минатата година и 50-проценти од индексот на трошоци односно инфлацијата за претходната година. Истовремено тој нагласи дека истата не треба да биде пониска од 57 отсто од просечно исплатената плата за минатата година.

– Како Влада имаме обврска да го почитуваме Законот за минимална плата, кој треба да почне да се спроведува наредниот месец. Има доволно време за институциите да го пресметаат покачувањето на минималната плата, кое законски изнесува 2.200 денари, рече Ристески.

На забелешките на новинарите дека одлуката е донесена без присуство на репрезентативен синдикален претставник во рамките на Економско социјалниот совет (ЕСС), Ристески рече дека ЕСС е советодавно тело, а нивните забелешки откако ќе бидат усвоени понатаму треба да имаат своја завршница преку соодветна законска процедура

Back to top button
Close