Рокот за аплицирање на конкурсот на СЕММ истекува утре

– Утре истекува рокот за поднесување пријави на конкурсот на Советот за етика во медиумите (СЕММ) за најдобри новинарски стории поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот, предизвиците и последиците од неа.

Како што соопшти Советот за етика во медиумите (СЕММ), јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во земјава во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 мај 2020 година.

Пријавите се доставуваат електронски на [email protected]. Заинтересираните повеќе информации за конкурсот може да добијат на следниот линк: https://www.semm.mk/novosti-4/calls/722-2020

Back to top button
Close