Романија била цел на саботажи и хибридни напади специфични за Русија

Романија, заедно со други европски држави, беше објект на саботажи и хибридни напади, специфични за Русија, се наведува во извештајот на романската Дирекција за истрага на организираниот криминал и тероризам (ДИИЦОТ).

– Целта на хибридните напади беше да се тестира одбранбената готовност на земјите-членки на НАТО и да се пронајдат слабости во инфраструктурата, се наведува во извештајот.

Според обвинителите, Русија ја сменила тактиката на хибридни напади и повеќе не испраќа свои обучени агенти во земјите-членки на НАТО, туку регрутира договорни страни по случаен избор преку апликацијата Телеграм за одредени суми пари. Тие се движат од неколку стотици до неколку илјади долари.

Според извештајот на ДИИЦОТ, Романија не се соочува со терористички закани, но има локални поддржувачи на Исламската држава. Како основен ризик од надвор се посочуваат обидите за преминување на националната граница од лица поврзани или поддржувачи на терористички или радикални организации.

Покрај Романија, цел на хибридни напади биле и Германија, Франција, Велика Британија, Чешка, Словачка, Полска, Романија, Бугарија, Естонија, Литванија, Летонија, Финска и Шведска.

Романскиот Уставен суд ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори што се одржаа во ноември откако беше откриено дека технолошката и комуникациската инфраструктура на изборите била цел на кибернапад спонзориран од државата и дека Романија била цел на агресивни руски хибридни напади. Москва негираше дека се меша во претседателските избори во Романија.

Back to top button
Close