Романија одамна требаше да биде во Шенген

Романија одамна требаше да биде во Шенген, оцени потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, додавајќи дека тој е поддржувач на тоа долги години.
Во интервју за Диги24 Тимерманс изрази мислење дека Романија се смета за одговорна за нешто во кое има многу мала или никаква улога, а тоа е проблемот со мигрантите.
За време на интервјуто Тимерманс ја коментираше и војната во Украина.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин создава уште една железна завеса меѓу Русија и нас. Никој нема да добие од ова, особено рускиот народ. Ова мора да престане. Тој мора да разбере дека веќе не живееме во период во кој државите можат да бидат империи на европскиот континент. Стремежот му е императорски. Тој сака да создаде империја. Тој сака да и го одземе правото на постоење на украинската нација. Затоа киднапираат деца, затоа крадат книги од украинските библиотеки. Тој вели дека не постои Украина. Не можеме да го толерираме ова“, коментира потпретседателот на Европската комисија






