Романското обвинителство почна кривична истрага против Георгеску

– Романското обвинителство отвори кривична истрага против победникот од поништениот прв круг од претседателските избори, Калин Георгеску, по неколку обвиненија, вклучително и за промовирање антисемитизам.

Телевизијата Диџи 24 јави дека поранешниот проруски претседателски кандидат е обвинет за злосторства поврзани со поттикнување дејствија против уставниот поредок, пренесување лажни информации, фалсификување декларации и пропагирање култ на поединци обвинети за геноцид.

Георгеску денеска беше приведен одведен на распит во Јавното обвинителство.

Претходно, Јавното обвинителство во Букурешт соопшти дека се извршени претреси во домовите на поддржувачи на Георгеску низ целата земја поради финансирање на кампањата и сомнеж за нелегална десничарска екстремистичка пропаганда.

Независниот кандидат Георгеску во првиот круг од претседателските избори, што се одржаа 24 ноември минатата година освои најголем број гласови, но Уставниот суд на 6 декември ги поништи резултатите поради сомневање за странско мешање.

Георгеску изјави дека за кампањата потрошил „нула леи“, но романските разузнавачки служби соопштија дека неговата промоција на социјалните мрежи, особено на ТикТок, чинела најмалку еден милион евра.

Повторените претседателските избори се закажани на 4 мај. Уставниот суд допрва треба да одлучи дали ќе му дозволи на Георгеску повторно да се кандидира, а рокот за поднесување на кандидатурите е 15 март.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close