Royal Veggies – нова линија замрзнати зеленчуци од Слога Пром

Royal Veggies е новата линија производи од замрзнат зеленчук достапна на пазарот. Се состои од седум пакувања, избор од најчесто користените и комбинација од селектирани видови зеленчук. За овие производи употребен е првокласен внимателно селектиран зеленчук.

Од компанијата Слога Пром велат дека со оваа понуда се задоволува голем недостаток и потреба на пазарот во овој сегмент од прехранбени производи во замрзната форма.

 

„Како компанија што долго време работи во овој сегмент ги следиме трендовите на пазарот и кај македонските потрошувачи и ја забележавме потребата од токму вакви производи  и од македонски компании во коишто потрошувачите имаат поголема доверба. Нашиот пристап во создавањето на новата линија беше првокласен квалитет во секој сегмент, од внимателно избрани добавувачи, селекција, соодветно пакување според највисоки производни стандарди за квалитет на храна и правилна дистрибуција. Лансирањето на новата линија Royal Veggies е продолжување на инвестицискиот бран што го имаме во последнава година во Слога Пром во нови и во подобрување на квалитетот на сите производи, за што безрезервно вложуваме и во човечкиот капитал но и во нови погони и модерни машини“, вели Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на Слога пром.

 

Компанијата од Кавадарци неодамна направи модернизација на целата производна палета, со што даде нов визуелен идентитет со амбалажа специфична по боја и дизајн, a новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производи е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури.

 

Слога пром веќе 30 години работи на македонскиот пазар применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна и здрава храна. Портфолиото на компанијата е богато и разновидно, исполнето со тоа што е барано на пазарот и од потрошувачите. Пакуваните производи под брендот Слога вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо. Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3 500 тони. Исто толку разновидна е и понудата од рефусни производи како пилешко, свинско и јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла.

 

Back to top button
Close