Русија ги повика ОН и Црвениот крст да ја истражат смртта на украинските затвореници

epaselect epa09766539 A pigeon sits on a wall in front of the Russian Ministry of Defen?e main building in Moscow, Russia, 17 February 2022. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Русија повика експерти од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на десетици украински воени затвореници во затвор што го држат проруските сепаратисти, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Министерството во соопштението наведува дека се постапува „во интерес на спроведување објективна истрага” за нападот на затворот на почетокот на оваа недела.

Сепаратистите рекоа дека се убиени 53 затвореници и го обвинија Киев за гранатирање на затворот.

Вооружените сили на Украина ја отфрлија одговорноста, велејќи дека руската артилерија го гаѓала затворот за да го прикрие злоставувањето на затворениците.

Back to top button
Close