Русија ги повика своите граѓани да ја напуштат Сирија

Руските власти денеска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Сирија, каде бунтовниците предводени од исламисти брзо напредувале во последните денови, заземајќи неколку клучни градови пред сириската армија, која има поддршка од руските сили.

Руската амбасада во Дамаск ги повика своите граѓани „да ја напуштат земјата со комерцијални летови поради тешката воена и политичка ситуација“.

Амбасадата додаде дека нејзините служби во Дамаск продолжуваат да „работат нормално“.

Back to top button
Close