Русија ги замрзна сметките на финската амбасада и конзулат

Русија ги замрзна банкарските сметки на финската амбасада во Москва и на конзулатот на таа земја во градот Санкт Петербург, јави весникот „Хелсингин саномат“, пренесува Анадолија.

Финското Министерство за надворешни работи потврди дека не може да се пристапи до сметките и дека ситуацијата е сериозна и оти го истражуваат случајот.

Министерството посочи и дека Финска стапила во контакт со руските власти во врска со ова прашање.

Back to top button
Close