Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов
Русија уапси осомничен за убиството на шефот на армискиот оддел за хемиско оружје, соопштија истражителите денеска, еден ден откако генералот и неговиот помошник беа убиени во експлозија во Москва.
„Уапсен е државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година, под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов“, соопшти Истражниот комитет.
Тие додаваат дека осомничениот признал дека бил „регрутиран од украинските специјални сили“.