Русија изврши голем напад со дронови на Украина

Русија во текот на ноќта спровела голем напад со беспилотни летала на Украина погодувајќи инфраструктурни објекти на југот и северот на земјата, соопшти денес украинската војска.

Украинската противвоздушна одбрана наводно соборила 29 од 38 дрона „шахед“ од иранско производство лансирани од руска територија.

Воздухопловните сили на Украина наведоа дека нападот на голем број украински региони траел од 20 часот во петокот до 4 часот утринава по локално време.

Јужната воена команда соопшти дека е погоден објект на енергетската инфраструктура во Одеса. Оштетена е и управна зграда, а еден цивил е ранет во нападот, објавено е на Телеграм.

Со дронови бил гаѓан и Киев, а власти јавија дека се соборени сите дронови кои оделе кон главниот град на Украина.

Back to top button
Close