Русија призна: Вежбаме нуклеарни напади
Русија соопшти дека вежбале симулирани нуклеарни напади во западната енклава Калининград, која е сместена меѓу Полска и Литванија.

Руските сили вежбале повеќекратни напади врз цели кои имитираат ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и други пунктови.
„По извршувањето на електронските лансирања, воениот персонал изврши маневар за промена на позицијата за да се избегне евентуален контранапап“, додаваат од Министерството за одбрана.
Се додава дека во вежбите учествувале повеќе од 100 војници, пренесуваат медиумите.






