Русија реципрочно протера двајца бугарски дипломати од Москва

Русија денеска прогласи за персона нон грата (непосакувани лица) двајца бугарски дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, образложувајќи ја одлуката како реципрочна мерка за протерувањето на руски официјални лица од Бугарија, кои беа обвинети за шпионажа.

Станува збор за реципрочна мерка по неоправданата одлука на бугарските власти во септември да протераат двајца претставници на руската трговска мисија во Софија, се наведува во соопштението.

Бугарскиот амбасадор во Москва, Атанас Кристин, денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му била врачена одлуката за протерување на дипломатите.

Бугарското обвинителство, кон крајот на септември, го нареди протерувањето на двајцата руски дипломати, обвинети дека од 2016 година собирале информации за проектите за модернизација на бугарската армија.

Руската дипломатија тогаш ја оцени мерката како „обид за загрозување“ на руско-бугарските односи

Back to top button
Close