Русија регистрираше лек против воспаление на белите дрбови предизвикано од Ковид-19

Русија регистрираше лек за инхалација „лејтрагин“ наменет за лекување и превенција при воспалување на белите дробови, предизвикано од коронавирусот, соопшти Фередалната биомедицинска агенција на Русија (ФМБА).

На сајтот на Агенцијата е прецизирано дека руското Министерство за здравство го регистрирал лекот „лејтрагин“ на 25 мај.

Во август 2020 година „Роспатент“ на Научниот центар за биомедицинска технологија истовремено му издал три патенти согласно процесот за производство на лекот „лејтрагин“, кој може да спречи или да ги намали појавените компликации.

Русија на 1 април, исто така, одобри употреба на имуноглобулински лек за третман на коронавирусот, направен од крвна плазма на луѓе кои го прележале Ковид-19.

Back to top button
Close