Русија тврди дека нема да бара екстрадиција на оние кои ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нема да бара екстрадиција од странски влади за илјадниците руски државјани кои ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација поради војната во Украина.

– Во рамките на делумната мобилизација, руското Министерство за одбрана не испрати, не подготви и нема да испрати барања до Казахстан, Грузија и други земји во врска со можното присилно враќање во Русија на руските државјани кои се на нивна територија, се вели во соопштението.

По објавата за „делумна“ воена мобилизација на резервисти на 21 септември, десетици илјади военоспособни Руси избегаа во странство, најмногу во поранешните советски републики Централна Азија и регионот на Кавказ.

Ако руски државјанин добие покана и не се појави во соодветниот воен комесаријат, теоретски може да се смета за дезертер и да се стави на списокот на барани лица во Русија

Back to top button
Close