Русија уапси Французин осомничен за собирање воени информации

Француски државјанин осомничен за собирање воени информации е приведен во Москва, соопшти денеска Истражниот комитет.

-Во Москва е приведен државјанин на Република Франција, осомничен дека собирал информации од воените активности на Руската Федерација, соопшти одделот.

Според истражниот комитет, уапсениот неколку години без намера да ги исполни своите обврски и да достави документација за регистрација во регистарот на странски агенти, намерно собирал информации од областа на воените и воено-техничките активности на Русија

Back to top button
Close