Русија: Уништивме украински магацин со 100.000 тони гориво


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле украински магацин во кој имало 100.000 тони авионско гориво, пренесува АФП.

„Уништено е складиште за гориво во близина на селото Смила во регионот Черкаси, во кое имало повеќе од 100.000 тони гориво за воздухопловните сили на Украина“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Back to top button
Close