Руска чизма

Тие што се восхитуваат на моќта на руската војска и на дрскоста на Путин кој „му покажа на Западот“,нека ја препрочитаат внимателно изјавата со која ја најави агресијата на Украина. Особено оној дел каде што вика: „Ленин е авторот и архитект на Украина, тој ја обесправил Русија.

Модерната Украина била целосно креирана од Русија, поточно од болшевиците. Тоа е дел од нашата историја“. Заменете го зборот Ленин со Тито. Заменете го зборот Украина со Македонија. Заменете го зборот Русија со Бугарија. Заменете го зборот Путин со Радев.

И одлуката на руската Дума 2022 со декларацијата на бугарското Собрание 2019. Впрочем, и бугарскиот претседател Румен Радев изјавува дека ние сме браќа и дека „никој не сака повеќе да влезе Македонија во ЕУ како што сака Бугарија“.

Исто како што Путин ја нападна Украина за да спречи војна меѓу два братски народи. Не беше многу одамна кога Каракачанов се закануваше дека ќе испрати инженериски полк во Македонија, за да ги менува таблите на антифашистичките споменици.

Заканата дојде од министер за одбрана на земја-членка на ЕУ. Путин ги казнува Украинците дека не се Руси. Радев ги казнува Македонците дека не се Македонци. А ЕУ? ЕУ е „длабоко загрижена“.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.Мк

 

Back to top button
Close