Руска компанија повикува на истрага за воени злосторства во Украина

Лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“ денеска објави дека руската компанија „Русал“ што произведува алуминиум е првата руска фирма што повикала на истрага за воени злосторства во Украина.

Украина тврди дека руските сили во Буча убиле повеќе од 300 цивили, Москва отфрла каква било вмешаност.

За разлика од многу други руски компании, против „Русал“ не се воведени санкции иако од нив не е исклучен сопственикот, милијардерот Олег Дерипаска.

Во соопштението од „Русал“ пишува за шокантните извештаи од Буча.

„Поддржуваме објективна и непристрасна истрага на злосторството и повикуваме на строга казна за извршителите. Независно колку тоа се чини тешко во контекст на информациската војна што е во тек“, се наведува во документот.

Компанијата исто така повика на „што е можно поскоро решение на конфликтот за да се сочуваат непроценливите човечки животи и како се би можело да се врати во нормала“.

Back to top button
Close