Руската ПВО ноќеска соборила 28 украински беспилотни летала

Руските  противвоздушни  сили ноќеска собориле вкупно 28 украински беспилотни летала над територијата на Руската Федерација, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија украински беспилотни летала над Крим, Азовското Море, Краснодарската територија, Белгородската и Ростовската област, се наведува во соопштението, пренесуваат руските медиуми.

Откако Русија го започна нападот врз Украина, на 24 февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно соопштува за напади на украински дронови на границата и централните области, како и на Крим.

Back to top button
Close