Руската Влада добива право да воведе специјални економски мерки за потребите на војската

epaselect epa09766539 A pigeon sits on a wall in front of the Russian Ministry of Defen?e main building in Moscow, Russia, 17 February 2022. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Горниот дом на рускиот Парламент денеска усвои закон со што Владата добива право да воведува специјални мерки во областа на економијата, со цел да се обезбеди спроведување „антитерористички и други операции” на руската војска во странство.

Законот усвоен во Советот на Федерацијата им дозволува на државни купувачи, конкретно на Министерството за одбрана, Министерството за вонредни состојби, Руската гарда, Федералната служба за обезбедување и на Федералната служба за безбедност, да го зголемуваат или намалуваат обемот на добра и услуги според склучени договори. Со законот дозволена е и промена на цените во договорите.

Во случај на воведување посебни мерки, правни лица, без оглед на организационо – правниот облик и формата на сопственост, немаат право да одбијат да склучат договори и државни нарачки за „испорака на добра, извршување работа и пружање услуги за да се обезбеди извршување противтерористички и други операции надвор од територијата на Русија”.

Во образложението се наведува дека руската војска „во услови на изведување антитерористички и други операции надвор од територијата на Русија, а особено специјални воени операции на териториите на Доњецка Народна Република, Луганска Народна Република и на Украина, краткорочно ја зголемила потребата од поправка на оружје и воена опрема и обезбедување материјално – технички средства”.

Back to top button
Close