Руската војска соопшти дека нападнала енергетска и транспортна инфраструктура во Украина

Руската војска нападна објекти на енергетската и транспортната инфраструктура на украинските вооружени сили, како и радарска станица за воздушна одбрана и места за складирање на беспилотни летала и нивни компоненти, објави денеска руското Министерство за одбрана на Телеграм.
Министерството соопшти дека војската, исто така, нападнала „привремени точки на распоредување на украинските вооружени сили и странски платеници во 159 области“, без да ги прецизира нивните локации.
Нападите биле извршени од „оперативни и тактички авиони, јурипни дронови, ракетни сили и артилерија на руските вооружени сили“.






