Руски суд го осуди руско-канадскиот социолог Зјузев на седум години затвор поради предавство

Врховниот суд во Сиктивкар, главниот град на руската Република Коми денеска го осуди за предавство поради соработка со странски влади и организации руско-канадскиот социолог Николај Зјузев.
Тој е осуден на седум години затвор во казнена колонија.
Активистите за човекови права оценија дека Зјузев, кој се залага за правата на етничките малцинства во Русија, е политички затвореник и жртва на правосудниот прогон.
Руската домашна разузнавачка служба (ФСБ) соопшти дека Зјузев работел на поткопување на безбедноста и територијалниот интегритет на Руската Федерација.
Професорот Зјузев во 2008 година емигрираше во Канада, каде доби државјанство. Тој неколку пати ја посетуваше Русија, а во 2025 година беше уапсен. ФСБ го обвинува и за подготовка на анализи и собирање материјали во име на странски организации, вклучително и некои во Европската Унија. Наводно, тој добил два милиона евра од 12 странски организации за неговата работа.
Според организациите за човекови права во Русија има над 1.300 политички затвореници






