Руски воен авион Су-24 се урна во јужна Русија за време на тренинг лет

 

Руски бомбардер Су-24 се урна денеска во областа Волгоград на југот на Русија за време на тренинг лет, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Според Министерството, авионот летал без муниција и се урнал во напуштена област.

ТАСС не соопшти повеќе детали за инцидентот, вклучително и за судбината на екипажот.

Back to top button
Close