Руските сили оваа година случајно бомбардирале 150 пати руска територија
– Руска бомба падна во селото Биковка во руската област Јаковлевск и тоа 150-ти пат кога Русија се самобомбардира оваа година, објави Њузвик повикувајќи се на извештај на независното издание на руски јазик Астра. Руска бомба УМБП тешка 550 килограми наводно била фрлена од руски авион во средата наутро, а бомбата продрела низ покривот на училиштето. Немало евакуации и нема жртви, пренесува Њузвик.
Русија во неколку наврати случајно ги бомбардираше руските територии и делови од источна Украина што ги окупираше од почетокот на војната во февруари 2022 година.
Во еден таков случај, руски воен авион случајно го бомбардираше Белгород, создавајќи голем кратер и голема експлозија. Овој инцидент се случи во април лани.
Астра откри дека Русија најчесто случајно се бомбардирала со бомби ФАБ-250 и ФАБ-500, кои руските сили најчесто ги користат за напади врз регионите Доњецк и Харков и врз градот Харков.
Локалните жители рекоа и дека Русија случајно се бомбардирала еден ден претходно, а друга бомба паднала на 15 ноември во близина на селото Бели Колодез во областа Шебекински. Во бомбардирањето на 15 ноември немаше жртви или разурнувања.
Ова лето, Вашингтон пост доби пристап до внатрешни руски документи кои откриваат дека овие случајни бомбардирања се случуваат поради неисправни уреди за наведување. Документите споменуваат вкупно 38 такви инциденти што се случиле во регионот Белгород на границата со Украина помеѓу април 2023 и април 2024 година. Тие, исто така наведуваат дека бомби од советската ера честопати биле доградувани со неисправни системи за наведување и дека тие често не експлодираат.
„Одреден процент од руските бомби се неисправни. Овој проблем постои откако тие почнаа да користат комплети за УМПК“, изјави за Вашингтон пост Руслан Левиев, воен експерт од Conflict Intelligence Team.
„Според нашите проценки, само мал дел од тие бомби експлодираат, така што тоа не влијае на практичната ефикасност на тие оружја, колку и да звучи цинично“, додаде тој.
Позначајни инциденти во кои Русија се бомбардираше се бомбардирањето на градот Шебекин во Белгородската област дури четирипати од мај лани.