Руските студенти ќе учат како да ракуваат со оружје, Путин одржа лекција во училиште
Рускиот претседател Владимир Путин лично одржа предавање во едно руско училиште додека на учениците им се претставуваше новата наставна програма која треба да ги упати во борбените тактики.
Според новата програма, наставниците ќе ги учат учениците како да ракуваат со калашникови, гранати и беспилотни летала како дел од курсот „Основи на безбедноста на животот“, соопшти британското Министерство за одбрана.
Часовите по историја ќе вклучуваат лекции за повторно обединување на Крим со Русија и за таканаречената специјална воена операција во Украина.
„Новата наставна програма служи за три цели: да ги индоктринира учениците за оправдувањето на Кремљ за спроведување на ‘специјална воена операција’, да им всади на учениците боречки начин на размислување и да ги намали роковите за обука за понатамошна мобилизација“ соопштија од британското министерство.
Воведувањето лекции за операции со беспилотни летала укажува на нивното растечко значење на бојното поле. Исто така, може да се очекува дека руските ветерани од првата линија ќе ги посетат учениците, се додава во соопштението.
Рускиот парламент ја одобри новата наставна програма минатата година