Руските војници како дел од регионалните сили пристигнаа во Белорусија

Првите единици руски војници, кои се дел од регионалните трупи, пристигнаа во Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Војниците беа срдечно пречекани со леб и сол”, се наведува во соопштението.

Министерството за одбрана претходно објави дека рускиот дел од Регионалната група на сили ќе започне да пристигнува во Белорусија во следните неколку дена.

Тој прецизираше дека регионалната групација на силите на Алијансата на Русија и Белорусија ќе извршува одбранбени задачи.

Белорусија претходно објави дека прогласила состојба на зголемена антитерористичка готовност поради тензиите на нејзините граници.

Back to top button
Close