Русковска нема коментар за отфрлањето на нејзината жалба

Суспендираната шефица на ОЈО за организиран криминал Вилма Русковска за Либертас вели дека нема што да коментира на денешната одлука на советот на јавни обвинители да ја отфрли жалбата за нејзина суспензија со решение потписано од републичкиот јавен обвинител Љупчо Јолевски.

Суспензијата веројатно значи дека таа не може да се врати во обвинителството за организиран криминал бидејки таму има раководна функција, а не како обвинител. Сепак Русковска за една недела исполнува услов за нејзино пензионирање со години на старост.

Со денешната одлука да остане суспензијата на Русковска и вчерашното разрешување на директорот на финансова полиција Арафат Муареми се заокружува неколкумесечната војна на релација Русковска Муареми. Таа го обвини Муареми за несоработка и изјави дека во овинителството има пријава од лице дека Муареми ја злоупотребува функцијата тој пак неа и поднесе кривична пријава. Русковска по суспензијата изјави дека трпела притисок за некои предмети од политичари од претходна влада, но не и од овој состав.

Back to top button
Close