Саатот на Мекшејн

И сега премиерот Зоран Заев, по 16 години кандидатски статус и 12 позитивни препораки за почеток на преговори, во интервју за Дојче веле рече: „Кога ЕУ ќе реши да испорача датум за преговори нека ни се јави“. Сигурно ЕУ е „длабоко загрижена“.

Оти „претплатникот е надвор од мрежното покривање“. Државава влегува во период како после ветото на Грција за НАТО во април 2008. Кога Груевски почна да се однесува како класичен лош ученик, кој претходно покажувал заинтересираност за учење. Зошто да пишувам домашно кога учителката ме мрази? Ионака ќе ме остави да повторувам уште една година. И видовме како заврши повторувањето.

Можам да ја разберам резигнацијата на Заев како човек, но не и како политичар и лидер. Ама, не ми е јасно зошто сака да ѝ олесни на Европската унија кога вика дека ако решат да почнат преговори само со Албанија, ѝ посакува успех и среќа. Демек, бркајте си вие работа, ние ќе чекаме да ни се јавите. Од лидер би очекувал да ѝ укаже на ЕУ дека ако само Албанија напредува во евроинтеграцијата, тоа ќе биде уште една сигурна дестабилизација на цел регион. Што ќе прават нашите Албанци како најбројно малцинство ако само Албанија влезе во ЕУ, а Македонија не? Што му е целта на Заев? Да ѝ олесни на Европската унија да нè зафркне до крај или да нè внесе во ЕУ? Сега Заев се гушка со Еди Рама, ама којзнае каков Рама ќе дојде во Албанија и каков Заев ќе биде премиер на Македонија кога и Албанија ќе биде членка на ЕУ. И со Бојко Борисов така се гушкаше. Сега ни се супер комшиите.

Ама кога ќе влезат во ЕУ сигурно ќе се сетат и тие нешто да бараат. Извини брате Зоране, ама ние сме внатре, а ти си надвор. Знае ли Заев следното вето од Албанија што ќе биде? Грција го бараше името, Бугарија го бара јазикот и идентитетот, а на Албанија што ќе ѝ остане за барање? Не двојазичност. Пола држава ќе треба да отстапиме.

Koлумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close