САД и ЕУ „намигнуваат“ за ново-стара влада?

Во екот на јавните пораки меѓу власта и опозицијата за тоа кој има легитимитет да ја формира новата влада и кој се ќе партиципира во неа, како изненадување дојде официјалната информација за средба на клучните дипломатски претставници во земјава – американската амбасадорка Брнз и евроамбасадорот Жбогар, со министрите Шекеринска и Димитров.

Пораката која амбасадорскиот двоец ја упатил до двајцата министри, според официјалното соопштение од МНР, е дека „императивот на наредната влада треба да биде континуитетот на тој пат (н.з. евроинтеграцискиот), како и посветеноста на владеењето на правото, економскиот развој и понатамошните реформи“.

Прашањето е зошто токму во период кога се „кова“ новото парламентарно мнозинство и новата влада, Брнз и Жбогар се среќаваат со Шекеринска и со Димитров и со нив зборуваат за приоритетите на новата влада. Зошто на средбата не присуствувал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој е од редовите на ДУИ?

Прашавме во американската амбасада: Зошто амбасадорката Брнз решила да се сретне токму со овие соговорници во време кога траат преговорите за ново мнозинство и нова влада?

Одговорот од амбасадата е дека амбасадорката Брнз била на состанокот за да се потенцира важноста на некои прашања во идниот период.

Повеќе на 360 Степени тука.

Back to top button
Close