САД и сојузниците за денеска најавија нови санкции врз Русија  

Соединетите Држави и нивните сојузници денеска ќе објават нов широк круг санкции врз Русија, јавува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на официјални извори во Вашингтон. Со санкциите се забрануваат сите нови инвестиции во Русија, се зголемуваат ограничувањата на финансиските институции и државните претпријатија во Русија, а ќе бидат насочени кон претставници на руската влада и нивните семејства. Европската комисија вчера предложи петти пакет санкции против Русија.

Нов пакет санкции на ЕУ кон Русија

Претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, наведе дека најновиот пакет предвидува, меѓу другото, забрана за увоз на јаглен од Русија во вредност од четири милијарди евра годишно, целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки, забрана за пристап до европските пристаништа на руски бродови, таргетирани забрани за извоз во вредност од 10 милијарди евра, во области каде Русија е ранлива, како што се квантните компјутери и напредните полупроводници, но и чувствителните машини и транспортната опрема.

Санкциите вклучуваат забрана на ЕУ за руските компании да учествуваат во јавните набавки во земјите-членки и исклучување на каква било финансиска поддршка, без разлика дали е европска или национална, од руските јавни тела. До новите санкции на Западот доаѓа по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили. Русија негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча

 

 

Back to top button
Close