САД одобрија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 150 милиони долари

САД продолжуваат со силната поддршка за храбриот народ на Украина во нивната одбрана на земјата од руската агресија и затоа одобривме уште еден пакет безбедносна помош, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден.

Помошта, во вредност од 150 милиони долари, вклучува многу муниција, радари и друга опрема за Украина.

САД досега имаат обезбедено 3.3 милијарди долари помош во оружје за Украина.

Back to top button
Close