САД подигна бодликава жица на границата со Мексико, само три дена пред инаугурацијата на Трамп

Вчера САД подигна бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и мексиканскиот град Сиудад Хуарез, пренесуваат од АФП.

Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што беше забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп која се одвива во понеделник.

„Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико#, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи за шеф на американското Министерство за домашна безбедност и која има специфична контрола врз имиграцијата.

„Ова е второ затворање што го гледам за една недела“, вели Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.

Трамп најави национална вонредна состојба со цел да го изведе својот план за масовно протерување мигранти од САД, план којшто по потреба би искористил и вооружени сили. .

 

Back to top button
Close