Саити: Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат

Одлуката на Уставен суд мора да се почитува. Јас ја читав нивната изјава и тоа е точно, тие не утврдуваат плата, туку коригирале одредби кои според нив, сметаат дека се коригираат, изјави претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити.

На новинарски прашања во рамките на денешната Судиска конференција 2023, по повод одбележувањето на 31 Март – Ден на правосудството, Саити посочи дека е прашање дали државата во моментов има економски капацитети да ги исполни тие барања.

– Овој начин на пресметка кој постоеше досега на платата беше блокиран со една одредба, која требаше да има времен карактер, но таа одредба се применува веќе 15 години наназад. Друго прашање е дали во моментов државата има економски капацитети да ги исполни тие барања, тоа прашање сигурно го знаат луѓето од владата и можат да одговорат, рече Саити.

Тој го спомена и нивното негодување за неисполнувањето на обврските на Владата кон судиите во однос на покачувањето на платите.

– Вие знаете дека ние сме во еден долг процес на преговори со Владата, со откажување од наши легитимни барања за да се донесе Закон за плата на судиите, кој, патем, еден ден пред одлуката на Уставен суд беше изнесен на Комисија пред Собрание и беше блокиран амандмански, потоа следуваше одлуката на Уставниот суд, појасни Саити, дополнувајќи дека извршната и законодавната власт треба да си ја исполнат својата обврска.

Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката, покрај премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции, се опфатени и уставните судии

Back to top button
Close