Самостојна изложба на младиот сликар Tахир Цноли

Во Центарот за култура во Дебар поради пандемијата од Ковид 19 , по цели шест месеци реализиран e проект од сферата на ликовната уметност . Отворена е самостојна ликовна изложба на младиот дебарски сликар Тахир Цноли, во согласност со мерки за здраствена заштита и протоколот за одржување на културни активности.
На отварањето директорот на Центарот за Култура Зинче Мимидиноски нагласи дека самостојната изложба на младиот Тахир Цноли има 36 ликовни творби во кои се изнесени уметничките таленти во однос на претставувањето на традиционалните домашни садови, портрети и природа , и тоа на специфичен уметнички творечки начин ,, ,,Центарот за култура во Дебар особено внимание посветува на подување на млади таленти како и обезбедување на подршка и услови зановното уметничко творење,, нагласи Мимидиноски и додаде дека наредните денови ке следат уште неколку културни активности на авбтори од Дебар и регионот .

Познатиопт ликовен уметник Адем Сулејмановски истакна дека станува збор за млад талентиран уметник кој ветува многу. Културните институции добро е што даваат подршка на овие таленти кои се оччекува да имаат прекрасна кариера бо ликовната уметност . Слична беше и оценката што ја даде ликовниот уметник Дритан Боцку кој додаде дека очигледно е дека станува збор за многу талентиран млад автор .
Претседателот на хуманитарното здружение на Ромите во Дебар ,,Месечина ,, Илми Куртиши , нагласи дека и кај младите Роми во Дебар има таленти и во сферата на уметноста , но дека тие до сега немале некоја голема подршка . Управата на центарот за култура овој пат навистина стори многу со оваа изложба во која дојде до израз и талентот на еден млад уметник од ромската заедница .
КМ.






