Санкции за Белорусија доколку се вклучи во украинскиот судир

Шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона во изјава за француското радио денеска кажа дека Белорусија би можела да се соочи со санкции доколку се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека им наредил на безбедносните сили да се распоредат во близина на украинската граница, заедно со руските сили, како одговор на, како што рече, јасната закана за Белорусија од Киев и земјите кои ја поддржуваат.

Back to top button
Close