Санкционирани 38 возачи за брзо возење по сообраќкниците низ Полог

– Во синоќешните контроли на сообраќајната полиција што биле спроведени по сообраќајниците низ полошкиот регион за пребрзо возење казнети се 38 возачи.

Најголемиот број казните се за пречекорување на брзина за над 50 километри на час.

Според СВР Тетово, синоќа во периодот од 21.00 до 01.00 часот на подрачјето на СВР Тетово имало засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

– Санкционирани се 38 возачи, од кои 33 на територија на Тетово, а 5 на територија на Гостивар, кои се констатирани надвор од населено место. Од нив, 26 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а едно за дури над 70 километри на час над дозволената. Додека, во населено место биле констатирани 10 прекршови, а биле санкционирани и три други видови на прекршоци, информираат од СВР Тетово.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, за како што наведуваат од СВР Тетово, да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close