Сараево: Малолетни внуки ја убиле сопствената баба – едната и ги држела нозете, другата ја задавила
Неколку лица, меѓу кои уште еден малолетник кој бил на местото на убиството, се донесени во службените простории на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и против нив се води кривична постапка
Внуки ја убиле сопствената баба по расправија, соопшти полицијата на кантонот Сараево. Тие ја задавиле старицата и се обиделе убиството да го прикажат како природна смрт.
„Имајќи предвид дека полициските службеници на МУП на кантонот Сараево, под надзор на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, преземаат интензивни мерки и дејствија за расветлување и документирање на сите околности поврзани со постоењето на основи на сомнение дека на територијата на општината е извршено кривичното дело убиство на постара жена, во овој момент, во интерес на истрагата, не можеме да дадеме повеќе информации“,
соопшти полицијата
Неколку лица, меѓу кои уште еден малолетник кој бил на местото на убиството, се донесени во службените простории на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и против нив се води кривична постапка.
Според информациите објавени во босанските медиуми, сите заедно пиеле алкохол, по што почнале расправија со старицата која внуките малолетнички ја задушиле. Како што неофицијално дознава порталот „Аваз“, едната девојка и ги држела нозете на старицата, додека другата ја задавила. После тоа исчистиле и средиле се како старицата да починала од природна смрт. Двете малолетнички имале 14 и 15 години.
Дека се работи за убиство, докажала обдукцијата на постарата жена, чија точна возраст не се соопштува.
Фото: Аваз.ба