Саша Поповиќ пред смртта оставил тестамент – еве на кого ги остава своите имот и милиони
Веста за смртта на Саша Поповиќ ја растажи целата естрада, а пред неколку години тој наводно составил тестамент, пишува Блиц.рс.
Имено, според пишувањата на тамошните медиуми, Саша Поповиќ пред неколку години решил со помош на адвокат да состави тестамент, во кој посочил кому го остава целиот свој имот.
Како што напиша „Скандал“, откако Саша Поповиќ ги продал акциите во „Гранд“, почнал да инвестира во разни бизниси и со сопругата отворил неколку бизниси кои на нивните деца ќе им обезбедат подобра иднина.
Меѓутоа, свесен за времето во кое живееме, Саша наводно составил тестамент за навреме да го обезбеди своето семејство.
– Сале се консултирал со својот адвокат и решил се да и остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и е сигурен дека таа ќе може да се снајде со сиот имот што го поседуваат – тврдеше тогаш изворот на споменатиот весник и додаде:
-Има доверба во својата ќерка, како и во синот на Сузана, кого го воспита како да е свој. Но, тој сепак е решен да остави се на Сузана, за која верува дека ќе сподели сè според својата совест и како што би направил тој, вели изворот.
Со продажбата на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ заработи милиони, купуваше куќи, станови, а беше опседнат со купување скапи автомобили.