Сателит сними масовна гробница близу црква во Буча

Сателитските снимки направени во четвртокот покажуваат делумно ископана масовна гробница во близина на црква во Буча.

Фотографиите, направени од „Maxar Technologies“ на 31 март, покажуваат ров долг 14 метри југозападно од црквата и лица кои ги отстрануваат телата на украинските цивили.

Градоначалникот Анатолиј Федорук изјави дека властите во Буча „веќе закопале 280 луѓе во масовни гробници“ откако руските трупи се повлекле од областа, додавајќи дека улиците се „полни со трупови“.

 

 

Back to top button
Close