СБ на ОН ќе гласа за американската резолуција за осуда на нападите на Хутите во Црвеното Море

Советот за безбедност на ОН закажа гласање за денеска за резолуцијата предложена од САД со која ќе се осудат нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговски и комерцијални бродови во областа на Црвеното Море.

Во нацрт-резолуцијата се наведува дека најмалку дваесетина напади на Хутите ја нарушуваат глобалната трговија „и ги поткопуваат правата и слободите на пловидбата, како и регионалниот мир и безбедност“.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, резолуцијата ќе бара итно ослободување на првиот брод што го нападнаа Хутите, јапонски товарен брод поврзан со израелска компанија кој беше запленет на 19 ноември заедно со неговиот екипаж.

Без да се посочи Иран, главниот снабдувач со оружје на Хутите, нацртот за кој треба да се гласа ќе ги осуди сите договори за оружје со бунтовниците, кои ги прекршуваат санкциите на Советот за безбедност.

Back to top button
Close