СДК: Судот не може да најде обвинет сопруг на скопска обвинителка, дал адреса во Кичево

Вецко Здравевски, обвинет поранешен член на Комисијата за лустрација, не дојде на денешното судење „Моќник” со Антонијо Милошоски, зашто на кичевската адреса на живеење, судскиот курир не го нашол. Судијката Ленка Давиткова рече дека за наредното ќе го бара на друга адреса во Ново Лисиче во Скопје, пишува порталот САКАМ ДА KAЖАМ.

Обвинителката Фатиме Фетаи, незадоволна што обвинетиот знаел за денешното рочиште, а не дошол, на судијката ѝ остави и телефонски број ако треба да му се јави за наредното судење.

Здравевски е сопруг на обвинителка од Скопското јавно обвинителство.

Во „Моќник“ се обвинети вкупно 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му.

Здравевски е обвинет во делот на лустрацијата на сега покојниот кичевски судија Драги Билески, извршена по налог на Антонијо Милошоски. Во бомбите се слушна како нарачува кај тогашниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев да го лустрираат судијата Билески. Билески по лустрацијата и разрешувањето почина.

Текстот е преземен од СДК.мк

 

Back to top button
Close