СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?

Соопштение на СДСМ

Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се поставува прашањето: дали и самиот е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата?

Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога — настан што и тогаш МВР се обидуваше да го прикрие.

 

Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста.

 

Ова ли се луѓето што ќе го „ресетираат“ системот?

 

СДСМ изразува сомнеж за постоење на силна координација и соработка меѓу најблиските луѓе на Мицкоски и криминалното подземје. Не е ни чудо што криминалот и уличните пресметки во државата во последните девет месеци се на историски највисоко ниво.

СДСМ прашува: дали обезбедувањето на Мицкоски самоволно делувало, или било испратено да пренесе информации, бидејќи тој лично, согласно своите надлежности, нема пристап до доверливи податоци? Кој му ги дал тие информации и кој ја диригира целата соработка со нарко-клановите од институциите?

Состојбата со безбедноста е крајно загрижувачка, а очигледно е дека криминланите структури во земјата имаат директен пристап и информации од најблиските луѓе на Мицкоски. Ова значи дека криминлаот во државата ќе ја владее државата и Мицкоски и ДПМНЕ се директни соучесници во тоа.

Back to top button
Close